Ново истражување покажало дека гел маникирот не само што ги оштетува природните нокти, туку и може да предизвика рак на кожата.

Надградувањето на ноктите е тренд којшто сите ние го следиме, со желба да имаме совршени нокти во секое време. Наместо лакирање сами дома на секои 3-4 дена, се одлучуваме грижата за средување на ноктите да ја препуштиме на козметичарките кои еднаш месечно ни ги средуваат ноктите. И сето тоа е сосема во ред, доколку не би постоеле ризици по нашето здравје.

Откако техниката на гел нокти стана масовен тренд се појавија и многу истражувања чија цел е да испитаат како гелот влијае на ноктите.

Она што е застрашувачки е тоа што бројни истражувања потврдиле присуство на штетни хемикалии во лаковите за нокти, но и штетност на ацетонот и на УВ ламбите кои се неизоставна алатка за сушење на гелот. Но освен штетноста на овие хемикалии, воопшто „зацементираноста“ на природниот нокт не е добра за ноктите.

„Секој маникир оставен на ноктите подолго време е штетен по здравјето, бидејќи немате увид за состојбата на вашите природни нокти“, нагласува Крис Ејдиган, дерматолог на Њујоршкиот универзитет.

Согласно резултатите направени од страна на американското здружение “Skin Cancer Foundation” , ултравиолетовото зрачење на кое ги изложуваме ноктите за да се исуши гелот може да предизвика рак на кожата, но и прерано стареење и хиперпигментација.

Опасноста се крие и во хемикалиите кои ги има во лаковите. Некои лакови содржат метил-акрилат кој честопати се поврзува со појавата на дермититис, а предизвикува и кршливост на ноктите.

Совети за здрав маникир:

  • дозволете ноктите да дишат и користете гел маникир само за посебни прилики
  • за време на ставањето на гелот на рацете нанесете крема со заштитен фактор, за да го намалите влијанието на УВ зрачењето
  • негувајте ги ноктите неколку пати дневно, за да спречите нивна дехидратација
  • не го вадете гелот со насилно лупење
  • во случај на појава на каква било абнормалност на ноктите, посетете дерматолог