Зголемувањето на килограми во бременоста е индивидуално. Бремените жени покачуваат во просек помеѓу 8 и 16 килограми. Додавањето на килограмите започнува уште на почетокот, но најмногу доаѓа до израз меѓу 27-та и 36-тата гестациска недела.

00030793

Најопшто килограмите се распределуваат на следниов начин:

– Еден до два кг. во првите 3 месеци, околу 4 килограми во вториот квартал и околу 6 килограми во последните 3 месеци.

Од 5-та гестациска недела тежината на бремената се зголемува со околу 300 г. неделно.

Од 21-ва до 27-мата гестациска недела треба да се зголемува, со не повеќе од 500 г. неделно.

Во последните две недели пред породувањето, тежината на идната мајка може да опадне.

Дополнителните килограми зависат од телесната тежина на идната мајка пред бременоста, имено:

– тежина под нормалата: 13 – 17 кг;

– Нормална тежина: 14 – 16 кг;

– Тежина над нормалата: 6 – 14 кг;

– Бремена со близнаци: 16 – 18 кг.

Тежината на бремената се распределува на следниов начин:

– тежина на бебето – од 3 до 4 кг;

– Тежина на плацентата – од 500 до 700 г;

– Тежина на амнионската течност – од 700 до 900 г;

– Тежина на матката – од 800 г до 1 кг;

– Тежина на градите – од 400 до 800 г;

– Тежина на комплементарни. крвна маса – од 1 кг до 1,8 kg;

– Тежина на водата – околу 1 кг;

– Тежина на лојот – околу 3 кг.

Сподели