Иако мајчиното млеко по својот нутритивен состав е најздрава и најдобра храна за детето, истражувањата покажале дека свеста за тоа се уште не е доволно проширена.

Според податоците на Светската здравствена организација, 40% од мајките во светот ги дојат нивните бебиња првите шест месеци, а според последните податоци, 25% од мајките исклучиво ги дојат нивните деца до навршените шест месеци, додека уште 5% од мајките со нивното млеко на децата им даваат дополнителна храна.

А што го прави мајчиното млеко толку посебно?

Мајчиното млеко содржи јаглени хидрати, масти и белковини со сите потребни витамини и минерали кои се битни за растот и развојот на новороденчето. Важен е и факторот во изградбата на имунолошкиот систем и начин на поврзување на мајката и детето. На мајките доењето им дава психофизичко задоволство, имаат помала веројатност од можноста да заболат од рак на матката и дојката и полесно ги намалуваат килограмите кои биле насобрани во текот на бременоста.

На доилките им се препорачува да внесуваат околу 500 калории повеќе од обично и тоа со правилна исхрана која подразбира три главни оброци и здрави меѓу оброци.

Сподели