Одлучувањето колку често да ја менувате долната облека не е баш нешто што се појавува во секојдневен разговор меѓу луѓето.

Додека повеќето луѓе ја менуваат својата долна облека секој ден, едно неодамнешно истражување за хигиена покажало дека 13 проценти од Американците носат ист пар повеќе од една недела.

И, иако е малку табу тема, постојат важни здравствени импликации за тоа колку често треба да се менува. На крајот на краиштата, вашите чувствителни региони се во прашање.

Па, колку често треба да ја менувате долната облека? Излезе, одговорот зависи од тоа кого ќе прашаш.

1. Секој ден

Општо правило за тоа колку често ја менувате долната облека е еднаш дневно. Д-р Мајкл Ритано, изјавил дека менувањето на вашата долна облека секојдневно ви помага да избегнете натрупување на бактерии, пот и влага, во спротивно сето тоа може да доведе до инфекција или иритација на кожата во вашите најчувствителни региони.

2. Секој втор ден

Ако ги прашате американците, секој втор ден е совршено добро. Според Тоday – американски весник 45 проценти од 2.000 анкетирани луѓе признале дека ова е нивната просечна стапка на менување на долната облека .
Но, дали е здрав овој метод? Д-р Филип М. Тиерно, клинички професор по микробиологија и патологија, изјавил дека менувањето на вашата долна облека секој втор ден веројатно нема да предизвика никаква штета и тоа нема да ве повреди вас толку, колку што вашата хигиена може да ја повреди вашата репутација “.

3. Кога и да се туширате

Според Тиерно, сите луѓе имаат природно присутни микроорганизми во и на нивните тела, наречени микробиолошка флора, што со текот на времето може да предизвика мириси во облеката што сме ја носеле премногу долго. За среќа, овие микроби се генерално корисни за нас, нивните домаќини и не предизвикуваат проблеми освен ако навистина направите премногу голема пауза помеѓу туширањата. Бидејќи тие се ваши бактерии, освен ако имате расекотина или повреда на кожата или друг канал за влез во телото, тие нема да ви наштетат. Поради оваа причина, можете да користите и надворешни сигнали кои ќе ви кажат кога е време да ја смените вашата долна облека. Ако ви треба туш или ако облеката започне да мириса воопшто, дефинитивно е време за менување.

4. Двапати на ден

Ако вежбате или правите друга напорна активност во текот на денот, има смисла почесто да ја менувате долната облека. Идеално треба да се пресоблечете што е можно побрзо откако ќе вежбате во тесна облека. Особено жените, можат да доживеат Интертриго, изобилство на квасец во пределот на препоните, што може да резултира со осип. Ова обично е предизвикано од влага и триење и може да се влоши ако ја носите сеуште истата испотена долна облека и после вежбањето.