Колагенот вообичаено се поврзува со здравата кожа, но тој има многу повеќе придобивки. Содржи 18 аминокиселини од кои 8 се есенцијални и му помагаат на телото да врши важни функции, но од него нема да имате придобивки доколку не се храните правилно.

Kолагенот помага за одржување на здрави мускули, зглобови и функцијата на органите, но притоа исхраната мора да е богата со протеини – риба, морска храна, јајца, меса и разни зеленчуци, цели зрна, храна богата со здрави маснотии и сл.

Еве дел од придобивките кои немаат врска со оние кои колагенот ги има врз кожата:

1. Го оддржува стомачното здравје

Колагенот игра улога во создавање и оддржување на здравите сврзувачки ткива кои го обложуваат целиот дигестивен тракт, а нивното оштетување може да доведе до разни воспаленија.

Колагенот содржи и глутамин (аминокиселина) која ги спречува овие воспаленија, како и глицин и пролин кои помагаат за заздравување на облогата на стомакот и превенција од чирови предизвикани од стрес.

2. Помага за ослободување од констипацијата (запекот)

Колагенот помага при оваа состојба бидејќи е хидрофиличен молекул, што значи ја привлекува водата и киселите молекули, што помага на храната подобро да се движи низ дигестивниот тракт.

3. Ја намалува желбата за храна/грицкање

Во студија во која се анализирале хормоните за глад кај 10 пациенти со преголема и 12 со нормална тежина, истражувачите откриле дека желатинот – супстанца која се добива од колагенот – го зголемувал хормонот на ситост

4. Ја спречува/намалува болката по вежбањето

Како што старееме, опоравувањето од физичките вежби станува сè подолго и потешко. Во тој случај, размислете да го внесете колагенот во вашиот пост-вежбачки шејк.

Внесувањето на колаген докажано ја редуцира болката поврзана со вежбањето или физичката активност, а помага и за градење на мускулите, делува против воспалението на зглобовите и ги обновува ткивата.