Сосема е логично дека сме расположени за секс кога сме одморени, а не кога сме истоштени. Но дали знаете дека во заднината на врската меѓу сексот и сонот се крие комплексна физиологија?

Квалитетниот одмор го поттикнува лачењето одредени сексуални хормони, како што се андрогените и естрогенот, што го доведува организмот до состојба на возбуденост. Истражувачите од Универзитетот во Мичиген дошле до сознание дека, кога сме наспани, поинтензивно посакуваме секс, а тој веројатно ќе биде одличен.

Не постои некоја магична цифра што ќе ни каже колку часа треба да одмораме – ако секој ден чувствуваме умор, тоа значи дека треба почесто да се релаксираме. 

Најинтересно е и тоа што важи и обратното: сексот има позитивно дејство врз сонот! Според студијата на магазинот „Хелт“, секоја интимност, вклучувајќи го и сексот, го намалува стресот и ни олеснува да заспиеме.

Дваесет и три часот е најчесто време кога љубовните двојки почнуваат да разменуваат нежности, но стручњаците велат дека тајмингот не е идеален. Зошто?

Во таа доба од денот е повисоко нивото на хормонот мелатонин, кој нè прави уморни и сонливи, а пониско на тестостеронот, кој ни дава енергија. Доколку сакате незаборавен секс, потребно ви е спротивното.

loading...
Сподели