Ако често се разболувате, можеби не се грижите доволно добро за вашиот организам. За да го спречите честото разболување, треба да следите неколку едноставни правила за подобрување и јакнење на иунолошкиот систем.

Внимавајте што јадете 

Треба секојдневно да земате разновидни хранливи материи. Јадете сезонски овошја и зеленчук , а ако не сте нивни обожаватели, барем пијте витамини. Не живејте со секојдневен стрес –  па дури тоа да е предуслов за градење уште подобра кариера.

Недостаток на сон

Хроничниот стрес влијае многу лошо  на вашиот организам , а воедно и ве исцрпува многу. Ако сте “ноќна птица”, размислете за тоа повторно да се вратите, во светот на луѓето и нормалниот начин на живот. Недостатокот на сон “го убива ” имунолошкиот систем и ве прави подложни на повеќе болести.

Користете го секое погодно време за да уживате  во мирен сон. Забавувајте се од време на време, за да се ослободи тензијата од вашиот организам. Не земајте ги работите премногу сериозно.

Наместо да се користи сарказам – кажете директно!

Така ќе го избегнете прекумерното производство на хормонот кортизол. Нервозата која се собира во вас поради неискажаноста за одредени нешта е штетно за имунолошкиот систем и може да ве направи жртва на многу хронични болести.

Користете ја секоја можност која ве повикува кон физичка активност.

Не користете многу лекови

Ако имате обично главоболка, обидете се да поспиете. Ако болката е поднослива , не користете апчиња. Лекарствата го натрупуваат организмот со токсини. Најопасни се антибиотиците кои често водат до паѓање на имунитетот и формирање на бактерии.

Откажете ги цигарите

Кај  пушачите секојдневно слабее имунолошкиот систем. Настинките стануваат подолги, а се намалува издржливоста. А цигарите содржат над 4000 штетни и токсични хемикалии.

Пијте многу вода

Треба да се грижите телото да ви биде со добра хидратација, инаку имунолошкиот систем не може да функционира правилно. Затоа вода можете да користите во изобилство.

Сподели