Која е причината за преосетливи заби?

bolka vo zabite

Пречувствителноста на забите означува појава на остра, краткотрајна болка која се појавува поради температурни, допирни, хемиски и слични надразнувања. Како да се спречи оваа појава?

ГРУБО МИЕЊЕ НА ЗАБИТЕ

Понекогаш до пречувствителност доаѓа поради прегрубото миење на забите или користење на неодговарачка четка за заби. Со агресивно четкање вие им нанесувате болка на непцата кои можат да започнат да се повлекуваат. Кога заштитниот слој-глеѓта ќе се уништи или границата на непцето ќе се повлече, забното ткиво под глеѓта (дентин) ќе стане меко и соголено. Дентинот се надоврзува за нервната внатрешност на забот, па ако таа е незаштитена, чувствуваме болка затоа што нервот е подложен на влијанија. Наједноставното решение би било промена на четката и нежни движења.

КИСЕЛА ХРАНА И СОКОВИ

Комбинацијата од киселите состојки од храната и пијалаците, како и шеќерите, ја оштетуваат глеѓта или забното ткиво кое се наоѓа под неа. Кога глеѓта е оштетена, бактериите кои се хранат со шеќерите од храната, полесно продираат до забите и предизвикуваат штета. Ако патот до нервите е слободен, болка можат да ви нанесат и киселата краставичка, доматот, лимонот па дури и кивито. Решете го проблемот едноставно: јадете храна која не ви задава болка!

Scroll To Top