Денес би сакале со вас да споделиме 2 од најефективните тајни кои може да ви помогнат при намалување на губењето на косата како и нејзино зацврстување и побрз раст.

Индијките се познати по долгите, густи  и сјајни коси, долги трепки и густи веѓи.
Но дали знаете која е нивната тајна?

Клучната тајна е во користењето на природни состојки, кои можете да ги пронајдете и во вашата кујна. Овде може да ги погледнете рецептите кои ќе ви помогнат за зацврстуваe и раст на вашата коса.

Рецепт 1

За овој рецепт, за раст на коса, ќе ви биде потребно:

  • 4 лажици сок од кромид (За да го припремите сокот од кромид едноставно изблендирајте го кромидот и со цедалка остранете ја пулпата од сокот.)
  • 2 лажици јогурт

Измешајте ги двете состојки во еден сад.Нанесете ја маската на косата и оставете ја да отстои 1 час. Потоа измијте ја косата и нанесете регенератор.Повторувајте ја постапката барем еднаш неделно.

Рецепт 2 

За овој рецепт ќе ви биде потребно:

  • сок од кромид
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица бадемово масло
  • 1 лажица ореово масло

Измешајте ги состојките и со добиената смеса убаво измасирајте го скалпот. Нанесете на преостанатиот дел од косата. Оставете да остои 2 часа. Потоа шампонирајте ја два пати косата и измијте ја со регенератор.

Сокот од кромид го поттикнува растот на косата. Со масирање на скалпот со овој сок се поттикнува циркулацијата околу фоликулите на валкното а со тоа се стимулира и растот на влакното. Овој сок иако знае да мириса доста, со првото шампонирање мирисот ќе го снема.

loading...
Сподели