Кој зеленчук треба да го јадете во пролет?

spargli10

Сите  зеленчуци се корисни за организмот. Пролетниот зеленчук обезбедува некои од највисоките нивоа на витамин К, железо и фитонутриенти кои го штитат организмот од хронични болести.  Во принцип пролетната храна е корисна за конзумирање на пролет. Не заборавајте секогаш, пред да јадете пролетен зеленчук, секогаш добро да го измиете!

Погледнете ја листата со најкорисните пролетни зеленчуци, кои изобилуваат со корисни материи:

ШПАРГЛИ

Шпарглата (аспарагус) е зеленчук кој преставува уште непознатица на нашите простори. Таа е зеленчук со многу интересен изглед , многу убав вкус  и изобилува со богатство од хранливи материи. Во себе содржи: протеини, јагленохидрати, минерални соли:железо, калиум,магнезиум, а од витамини ги содржи:A, Б, Б1, Б2, ПП,Ц и Д. Содржи фолна киселина и аспарагин.Поради изобилството на сите корисни работи што му се потребни на организмот таа се препорачува што повеќе да се конзумира бидејќи е превентива за многу бплести. Таа е одлична за мозокот и нервите и го активира хормонот на среќата, добра храна е за оние што имаат дијабет, одлична е за кожата и очите, го подобрува варењето, ги чисти бубрезите и мочните патишта , а е доста лековита и при болести на срцето.

СПАНАЌ

Спанаќот кај нас се употребува по 13 век. Зелената боја на спанаќот потекнува од високото присуство на хлорофил – трансформирана сончева во хемиска енергија во процесот на т.н. фотоситенза.Спанаќот содржи А, Ц и К витамини, магнезиум, калциум, влакна и бета каротен.Освен со хлорофил, спанаќот го снабдува организмот и со многу корисни минерали во органска форма, меѓу кои најприсутен е калиумот.Содржи и калциум, магнезиум, фосфор, сулфур и железо и некои неопходни олигоелементи – манган, бакар, кобалт, јод, флуор и др.

ЦВЕКЛО

Цвеклото е еден од најлековитите зеленчуци кој редовно може да се најде на трпезата. Овој црвен зеленчук во себе соджи многу лековити својства што помагаат во одржувањето на здравјето на граѓаните. Тоа е богато со многу елементи кои се неописиво потребни на секој организам, протеини, органски киселини, како што се фолна, јаболкова и оксална киселина, потоа витамините Ц, Б, А и Е, а од минерли најмногу содржи калиум, калциум, магнезиум, цинк и железо.
Бидејќи цвеклото не е многу тешко да се најде на пазарот, тогаш треба да се практикува скоро секој ден да го има на менито.

ЗЕЛКА

Ним им биле познати мал број сорти на зелка, додека денес зелката се употребува во целиот свет, а се познати стотици различни видови. Патем, интересно е да се спомене дека Kинезите сметаат дека тајната на младоста на нивниот народ ја креира токму обичната зелката.Зелката делува благотворно при чирот на желудникот, најверојатно зајакнувајќи ја отпорноста на слузницата на желудникот. Таа содржи гефаркат, соединение кое се користи како лек против чир, како и соединение слично на карбеноксолон, уште еден, поретко користен лек за чир. Всушност, овие состојки ги поттикнуваат клетките да формираат тенка бариера која има улога на „штит“ од нападите на желудечната киселина.

РУКОЛА

Руколата припаѓа на  фамилијата зеленчуци, каде спаѓаат  брокулата, зелката, кељот, прокељот, блитвата и спанаќот.Таа е едногодишна или двогодишна билка со висина од 60 см, која на горниот дел има разгранети гранчиња со лиснати темнозелени листови. Цветовите и се бели или жолтеникави. Денес руколата е многу популарна во многу светски кујни и се одгледува како култивирана билка. Со специфичниот  ароматичен -горчлив вкус, таа e сo богат извор на калциум, магнезиум, железо, калиум, фосфор, витамин А, витамин К, витамин Ц, фолати и патотенска киселина.

Advertisement