Шафранот цвета од крајот на септември до почетокот на декември. Во тој период се собираат цветовите што содржат само по три тенки ливчиња што имаат темноцрвена боја, слична на бојата на крвта.

Уште во антички времиња се користел како колорант зашто има неверојатна способност да обои 100.000 пати повеќе од својот волумен. Важи за лек што помага при варењето, но најважно е што има сосема посебен извонреден вкус, па на јадењата им дава посебност како ниеден друг зачин. 

За килограм шафран треба да се соберат 150.000 цветови и затоа не e ни малку чудно зошто има висока цена. Еден килограм шафран достигнува цена до 3000 евра.

Шафранот се бере само наутро, пред изгрејсонце, а потоа се издвојуваат само тенките кончести делови, а ги има само по три во секој цвет. Се суши на температура од 60 степени, со што се губи уште четвртина од тежината. 

Постојат многу фалсификати на шафранот

Ако купувате, внимавајте да биде во форма на тенки конци, темноцрвен по боја. Ако видите шафран што е значително поевтин, во форма на прашок, знајте дека можеби купувате обоена креда за скапи пари. Најзначајно е тоа што вкусот и аромите што ги дава шафранот едноставно не може да се имитираат. Шафранот ослободува неверојатни мириси.

Употребата на шафранот е многу деликатна

Му требаат неколку часа да го развие својот вкус. Се става во малку вода и така треба да остане два-три часа. Се додава на јадења од месо, во сосови, бујони или риба. Не е препорачливо да се стави додека јадењето се пече, се пржи или вари на висока температура. Ризикувате сосема да го уништите вкусот. Најдобро е да се додаде во последните пет минути од приготвувањето. Исто така многу ликери во светот ја содржат и состојката шафран. 

Еден грам шафран може да се зачинат сто порции.

Докажана е и лековитоста на овој зачин, особено неговото антидепресивно, антиканцерогено и афродизијачко дејство. Во последнава деценија се објавени десетина студии за лековитите ефекти на шафранот и сите говорат во прилог на негово позитивното дејство. Токму затоа некаде се пие и чај од шафран.

loading...
Сподели