candidaДали досега сте го имале овој проблем? – Малечка незабележлива квасна габичка Candida albicans понекогаш претставува голем проблем и тоа тогаш кога предизвикува габична вагинална инфекција.Инфекцијата не е опасна, но затоа е мошне непријатна.Габите се всушност во групата на нижи паразитски организми на кои најчесто падот на нашиот одбранбен систем им создава плодна почва за нивно активирање и размножување. Во нив спаѓа и кандидата.

Инфекцијата кандида е тешко да се дијагностицира бидејќи габата е присутна во секој здрав организам.Причината за нејзината појава е што таа пушта корени кои ја пробиваат цревната слузница и нејзините токсини доспеваат во крвотокот и потоа многу лесно го напаѓаат целиот организам, при тоа пројавувајќи разни психички и физички симптоми.

Таа се активира кога доаѓа до промената на киселоста на вагината, како и намалувањето на непатогените микроорганизми на слузницата. Одредени состојби и заболувања влијаат на промена на киселата средина на вагината. Најчести фактори за појава на кандијаза се: менструацијата, некои болести (шеќерна болест), бременост, менопауза, антибиотици и контрацептивни средства со естрогени и стероиди. Влагата и иритацијата на вагината, исто така стимулира раст на кандидата.

Симптоми.
Кадијазата се манифестира со непријатен јадеж во пределот на половите органи, со појава на зголемена секреција т.е. беличест, густ, вагинален исцедок , со специфичен слаткаст мирис. Слузниците на вагината се црвени, отечени и болни. Половиот однос може да биде болен. За време на мочањето се јавува пецкање или болка.

Честота на инфекцијата
Воспалението на вагината предизвикано од кандидата (Candida vaginitis/colpitis) е најчеста инфекција на женските полови органи и има висока инциденца. Околу 75% сексуално активни жени имаат барем еднаш кандидијаза во својот живот, половина од нив имаат повеќе од една инфекција во животот, а околу 10% од жените имаат чести, поновувани инфекции.

Поставување на дијагноза
Дијагнозата на кандидијазата може да се постави со преглед на надворешните полови органи и со гинеколошки преглед на вагината. При преглед се забележуваат знаци на инфекција: црвенило, оток, оштетена слузница, пукнатини на слузницата, наслаги од беличест секрет на слузниците на вулвата, на вагината и на грлото на матката. Со бимануелниот преглед (преглед со двете раце), гинекологот ја оценува подвижноста и осетливоста на матката.

Лекување
Лекувањето на кандидијазата се спроведува со примена на антимикотици, лекови против габи. Во третманот на габичните инфекции на женските полови органи се применуваат антимикотици-деривати на имидазолот: clotrimazol(Canesten, Plimycol) и полиенски антибиотици како што сеnistatin (Nystatin, Moronal), amfotericin (Ampho-Moronal) inatamicin (Pimafucin) во форма на вагинални таблети, креми или масти. Терапијата може да трае од 1-7 дена.
Кај честите, повторувани габични инфекции неопходно е да се спроведе терапија со антимикотици во вид на орални таблети или капсули:flukonazol (Diflucan) или itrakonazol (Orungal).
За време на присутните симптоми, како и за време на терапијата се препорачува избегнување на сексуални односи, иако на овој начин инфекцијата се пренесува само во 10-15% од случаите.

Кандидата многу успешно може да се држи под контрола и да се лекува и само со добар и соодветен режим на исхрана што всушност значи и здрав начин на исхрана.

Сподели