Обилните менструации се релативно чести, особено кај младата популација која уште нема правилни овулациони циклуси и кај жените кои се приближуваат кон менопауза.

Меѓутоа, кај многу жени и во различни периоди од животот можат да настанат обилни крварења.Кај некои особи скоро сите циклуси се обилни.Во медицинскиот жаргон обилното крварење се нарекува меноррхагија.Овој збор има грчко потекло – men што значи месец и rhegnynai што значи разгорено. Пореметувањето е познато и под називот hypermenorrhoea.

Причини за настанување на обилни менструации

Многу често обилните менструации се показатели на хормонски пореметувања. Меѓутоа тие можат да бидат причини и од многу пореметувања во организмот како на пример, миом на матката, инфекција во малата карлица и спиралите кои се користат како контрацептивно средство и при секое крварење тие се вадат од матката. Жената која има вакво крварење итно треба да се јави на лекар за да се утврди која е причината за ваквите проблеми.

СИМТОМИ И ЗНАЦИ

Менструацијата трае подолго од 7 дена. Губењето на крв за време на циклусот е многу голем

Во вакви ситуации секоја жена треба да се јави под хитно на гинеколог.Со самиот  преглед тој  ќе утврди дали има абнормални појави на матката и ќе ги направи сите анализи: папаниколау тест, биопсија на грлото на матката или киретажа(љупење на слузницата на матката).

Притоа се прави преглед на крвта за да се провери дали пациентката е анемична или има некоја друга болест која го предизвикува обилното крварење.

loading...
Сподели