Кои се природни чистачи на белите дробови?

Консумирајте брокули и карфиол што е можно почесто. Освен што помагаат во превенцијата на тумори, неодамна беше откриено дека имаат позитивен ефект и кај пациентите со белодробни заболувања. Имено, белите крвни клетки наречени макрофаги ги отстрануваат отпадните материи и бактериите кои можат да предизвикаат инфекции во белите дробови.

Овој природен систем на прочистување на белите дробови е нарушен кај пушачите и кај лицата со хронична опструктивна пулмонарна болест. Научниците откриле дека сулфорафанот, состојка која ја има во брокулите, карфиолот и сличниот зеленчук помага во обновувањето на хемискиот механизам за прочистување на белите дробови. Истражувачите тврдат дека се потребни дополнителни студии, за да се открие какви се целосните придобивки од конзумирањето на оваа состојка и кои други белодробни заболувања можат да се излекуваат на овој начин.

Scroll To Top