Лековитите својства на бадемовото масло се познати уште од античките времиња на Медитеранот, а неговата примена е универзална. Се користи за целокупната заштита на телото, а исто така и во исхраната.

Бадемовото масло е богато со растителни протеини, витамин А, Б1, Б2, Б6 и витамин Е. Покрај тоа, содржи три вида на есенцијални масни киселини Омега-3, Омега-6 и Омега-9. Бадемово масло се добива со екстракција на сувите плодови на бадем.

Неговата примена во козметиката е разновидна:

  • Погодно е за сува и чувствителна кожа, негување на коса и нокти, а исто така е и базично масло при масажа и ароматерапија.
  • Се користи и за секојдневна нега на лицето, бидејќи не ги затвора порите. Погодно е за сите типови на кожа, смирува воспаленија, изгореници, егземи и псоријаза.
  • Многу ретко предизвикува алергии, затоа може да се користи и за нега на бебешка кожа.
  • Ова масло дава еластичност, затоа многу често се користи во текот на бременоста, за спречување на појава на стрии, целулит или брчки.
  • Бидејќи е богато со витамин А, го забрзува растот на косата и помага со обнова на влакното.
  • Освен што ја влажни, храни и заштитува кожата, ја чини мека и свиленкаста, го забавува стареењето и го подобрува тенот.
  • Најчесто се користи за масажа, а игра и важна улога во ароматерапијата, бидејќи се користи како база при примена на различни типови на ароматични масла кои можат да ја иритираат кожата, ако се применуваат сами.
  • Поради својата текстура, лесно навлегува во подлабоките слоеви на мускулите со што ги омекнува и ја зајакнува кожата, ги опушта напнатите мускули и го подмладува телото.

Покрај широката примена во козметика, ова масло има и лековити својства:

  • Ги подобрува интелектуалните способности, го забрзува варењето на храната, го намалува холестеролот, го зајакнува имунолошкиот систем, ги релаксира уморните мускули и др.
  • Масажата со бадемово масло е стар народен лек против хернија, односно кила, а кога се масираат градите може да ја олесни кашлицата.
  • Корисно е за лекување на изгореници и воспалени вени, проблеми со грлото и разни воспалителни состојби.
  • Се верува дека е одличен афродизијак.

Бадемот е лековит прехранбен производ. Корисен е за губење на тежината. Консумирање на мали количини на бадем развива чувство на ситост.

loading...
Сподели