Маслото од тиква, како и самите семки е богато со витамин А и Е, цинк, а исто така е најдобар извор на омега-3 и омега-6 масни киселини, неопходни за подобрување на општата состојба на васкуларниот систем. Се покажало како добра храна за превенција на одредени болести и заболувања.

Често се препорачува кај мажите кои имаат проблем со зголемена простата или при проблеми со мочниот меур, само една или две големи лажици дневно. Сличен ефект може да се постигне и со консумирање на рака или две непржени семки, бидејќи со печењето се губат лековитите својства.

Маслото од тиква е полно со антиоксиданси, кои се главни состојки на многу креми за подмладување.

Разликата меѓу маслиновото масло и маслото од тиква е во составот, односно, застапеноста на одредени незаситени киселини. Тешко е да се каже кое масло е подобро или поздраво, иако постојат одредени разлики, најдобро е да се користат и двете.

Придобивки:

  • Благотворно влијание врз плодноста кај возрасните,
  • Го подобрува тенот кај децата,
  • Позитивно влијае на расположението,
  • Го подобрува видот,
  • Ја подобрува концентрацијата,
  • Го зајакнува имунитетот,
  • Му помага на срцето и на крвните садови,
  • Поради олеинската киселина во неговиот состав, помага и во намалување на покачениот холестерол во крвта,
  • Ги спречува киселините во желудникот,
  • Ги штити бубрезите од оштетувања предизвикани од дијабетес,
  • Помага и при запек и воспаление на дебелото црево (колитис),
  • Oдличен диуретик кој целосно го чисти телото од цревни паразити.

Ова масло е најздраво во природна форма, односно, кога се користи како зачин за салата, но исто така може да се додава во супи и шејкови.

Сподели