Спуштањето на стомакот може да биде вродено или како резултат на општото спуштање на стомачните органи, црниот дроб, панкреасот, бубрезите…

Причини се неправилниот живот, претерана тешка физичка работа и силно слабеење на организмот.

Се чувствува тежина во стомакот, киселина, понекогаш болки во стомакот и грбот меѓу плешките, главоболка и срцебиење.

Во левата горна половина уште од изутрина започнува непријатна болка во правец на срцето. Таквиот стомак се празни бавно, а на допир во областа на папокот дава звук на клокотење на вода.

Народно лекување:

Наутро, напладне и навечер на болниот му се дава по една лажица од следнава смеса:

500г мед и 50г чиста борова смола се мешаат убаво и се варат на пареа дури не се раствори смолата.

ЧАЈ:

По 50г од:

  • петровец
  • цвет од бела и жолта ајдучка трева
  • мента
  • бело подабиче
  • црвен кантарион
  • модра линцура
  • корен од цикорија

Три лажици од смесата вријат 15 минути со 600мл врела вода. Кога ќе се олади се цеди и се додаваат 3 лажици мед

loading...
Сподели