Кога за себе имате негативна слика

Се срамите? Вашиот срам се базира на поседување на една крајно негативна слика за себе и вложување голем напор да од себе и од другите неа ја сокриете.

Чести проблеми со кои се соочуваат лицата кои имаат лоша слика за себе се страв од отфрлање, егоманија, автодеструкција, компулсивно и зависно однесување, глумење и претерано угодување на другите.

Стравот од отфлање почива на идејата„ ако на некого не му се бендисувате, тоа е доказ дека не вредите“. Од таму ги одбегнувате сите ситуации во кои проценувате дека постои ризик на некого да не му се бендисате, или да бидете отфрлени. Емотивното повлекување и држењето другите на дистанца е еден од начините да се одбегне туѓата осуда или отфрлање кој за вас би бил само еден доказ повеќе за вашата неадекватност.

Егоманија е тенденција сами себе да се ставате во центар на се, очекувајќи секогаш да бидете во центар на внимание и другите да ви се восхитуваат. Така сами на себе си, докажувате дека вредите и се браните од идејата дека со вас нешто суштинско не е во ред.  Значи, си докажувате дека вредите така што секогаш сте во центар на внимание, а  на другите им покажувате како некои работи подобро ги знаете.

Автодеструкција, убедување дека не вредите, дека не сте адекватни, само ја зголемува вашата наклонетост да се откажувате од вашите цели и себе да се саботирате во остварувањето на вашите животни планови.

Компулсивното и зависно однесување во вид на прејадување, употреба на дрога, алкохол е еден од начините да се ослободите од тензијата која е врзана за вашето негативно поимење за себе и чувство на срам со кој се борите.
Глумењето и претераното угодување на другите почива на идејата дека мора да бидете она што другите од вас го очекуваат.За себе мора да креирате таква слика која ќе осигура на другите да им се допаднете, зошто кога би ја покажале својата права слика, тие сигурно би ве отфрлиле.

Третман. За да се ослободите од чувството на срам, мора да научите за себе да мислите поинаку и себе безусловно да се самоприфатите со сите ваши мани и добри страни. За да добро се чувствувате во сопствената кожа, важно е да се ослободите од склоноста за себе етикетирање – неадекватен, губитник, идиот и сл.Станува сеедно дали на другите им се бендисувате, затоа што на крај на денот она што за себе го чувствувате зависи од тоа што за себе мислите. Во сите овие случаи ви препорачуваме да побарате стручна психолошка помош.

Advertisement