30-тите години се идеалната возраст за раѓање, но шансите да имате близнаци се поголеми по 35-тиот роденден, велат експертите. Жените на овие години обично имаат стабилност со партнерот и во кариерата , кои се и одлични предуслови за создавање на семејство.

Ако имате долга врска со партнерот, најверојатно сте поминале низ сите авантури и сте подготвени за најубавото нешто – семејството. 

Лошата вест е дека способноста за зачнување е различна во почетокот и на крајот на 30 -тите години. Кога се доближувате до четвртата деценија од живот, плодноста ви се намалува. Експертите советуваат жените да не чекаат премногу долго и да забременат околу 30 -те години , особено, ако сакаат повеќе од едно дете.

Најголема веројатност да родите близнаци има ако забремените меѓу 35-та и 39-та година. 

Ова се должи на хормоналните промени во женскиот организам , поради кои жената започнува да лачи повеќе јајце клетки , кои можат да бидат оплодени. Во исто време сте доволно млади, имате енергија да се посветите на бебето и да ги издржите непроспиените ноќи.

Повеќето експерти тврдат дека границата за најсоодветна возраст за забременување е до 35-та година. Во почетокот на 30-тите шансите за зачнување почнуваат да се намалуваат постепено, што е главниот недостаток на доцната бременост .

loading...
Сподели