Кога прекумерно ќе ви опадне косата, ви недостасува ОВОЈ витамин: Вклучете го во вашата исхрана за густа и јака коса

Дали забележавте дека вашата коса премногу опаѓа во последно време? Можно е овој витамин да ви недостасува во организмот.

Стресниот момент кога ќе видите куп коса во одводот во бањата веројатно ве натера да се запрашате – што ви предизвикува губење на косата во последно време? Дали е тоа вашиот животен стил? Дали користите премногу агресивни методи за стајлинг (или екстремни температури? Можеби не сте помислиле дека причината може да биде недостаток на витамини, а не каков било витамин Б.

Од Б1 до Б12, секој од овие витамини има функција која прави да се чувствуваме подобро, поенергично и пред се поздраво, но кога станува збор за косата најважни се Б2 (рибофлавин), Б7 (биотин), Б9 (фолна киселина) и Б12 кобаламин).

Б2
Витаминот растворлив во вода наречен рибофлавин или витамин Б2 е еден од осумте витамини Б кои му се потребни на нашето тело за да остане здраво. Недостатокот на Б2 може да доведе до сува кожа, губење на косата, плускавци на усните и многу повеќе.

Млекото, јајцата и млечните производи како што се јогуртот и сирењето се одлични извори на витамин Б2, како и лиснатиот зелен зеленчук, авокадото, брокулата и аспарагусот. Храна богата со овој витамин се и цели зрна, јаткасти плодови, мешунки, печурки, животински органи (црн дроб, бубрези и срце) и риба.

Б7
Витаминот Б7 или биотинот е добар и за кожата и за косата. Земањето биотин може да ви помогне да ги направите вашите нокти посилни, но исто така може да го намали шеќерот во крвта ако сте дијабетичар. Недостатокот на биотин е редок бидејќи го има во многу намирници.

Кога тоа ќе се случи, обично е наследна. Покрај тоа, антибиотиците, пушењето и одредени лекови против акни често се поврзуваат со недостаток на биотин. Биотинот можете да го најдете во сирењето, оризот, жолчката од јајцето, месото, зеленчукот и секако во суплементите.

Б9
Фолната киселина ја штити кожата од влијанија на околината, го забавува стареењето и процесот на седење и помага во растот на косата, дури и во најтешките случаи. Добри извори на витамин Б9 се мешунките, спанаќот, бриселското зелје и пивскиот квасец.

Б12
Витаминот Б12 е клучот за раст на косата. Го стимулира растот на косата со учество во производството на црвени крвни зрнца кои ги хранат фоликулите на косата, а нејзиниот недостаток може да доведе до анемија, која е директно поврзана со опаѓање на косата.

Покрај тоа, витаминот Б12 игра важна улога во клеточната делба, а со тоа и во поделбата на клетките на фоликулите на косата. Бидејќи човечкото тело не произведува витамин Б12, тој треба да се внесува преку исхрана или додатоци.

Овој витамин може да се најде во храната од животинско потекло како риба, пилешко и друго месо, млечни производи и јајца. Витаминот Б12 не е присутен во храната од растително потекло, па затоа веганите и вегетаријанците, како и луѓето кои исхраната ја засноваат на овошје и зеленчук, треба да се консултираат со лекар за адекватна суплементација.

Природните лекови на нашиот портал служат за помош на луѓето. Доколку имате здравствен проблем, прво нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар.

Advertisement