Веројатно знаете за бројните феноменални намени на содата која ја надминува потребата во кулинарството. Оваа намирница, меѓу останатото може да помогне во одржување на хигиената во домаќинството како и за нега и убавина.Но, во некои ситуации сепак треба да ја избегнувате.

Еве кога сода бикарбона не е идеално решение:

1. Дали често страдате од горушица? Сода бикарбоната во овие ситуации исклучително ефикасен лек против печењето во градите, но не треба да претерувате. Ако често ве мачат овие проблеми, сепак, консултирајте се со лекар.

2. Иако сода бикарбоната е одлична за чистење во домаќинството, немојте да ја користите на садовите од алуминиум. Може да дојде до несакано делување и на садовите можат да се појават дамки.

3. Ако ставите само отворена кеса сода бикарбона во фрижидер или ја истурите во сад, нема да биде толку ефикасна во неутрализирање на непријатниот мирис.
За најдобар ефект потребно е да ја истурите сода бикарбоната во послужавник и да го чувате на една полица од ладилникот. Но, така ќе заземете голема површина во ладилникот и ќе имате помалку место за другите намирници.

4. Веројатно знаете дека сода бикарбоната може да ви послужи да го изгасите запаленото масло. Но. тоа не е едноставна постапка. Дури и ако имате во близина голема количина на сода бикарбона, нема сигурна раздалеченост од која би можеле да посипете сода бикарбона по запалената тава или тенџере. Поради тоа, заборавете на оваа улога на содата и набавете ефикасен апарат за гаснење пожар кој секогаш ќе ви биде при рака.

5. Сода бикарбона има бројни корисни примени во негата на тело. Но, со оглед на тоа дека таа е алкална супстанца не се препорачува во лечење на акни. Имено, содата ги елиминира природните киселини на кожата, со што се создаваат погодни услови за ширење на акните.

6. Можеби делуваат слично, но сода бикарбоната и прашокот за пециво немаат ист ефект. Двата производи создаваат јаглерод диоксид под одредени услови, со што им даваат одлична текстура на белите печива. Сепак, содата реагира со киселини, кои се веќе во храната. Од друга страна, прашокот за пециво во себе има киселина. Затоа, не се добри меѓусебни замени.

Advertisement