Кога децата почнуваат да јадат сами?

bebe sto jade 11Во периодот од првата до третата година од животот децата си создаваат навики сами да се хранат. Некои деца се обидуваат уште пред да наполнат една година да јадат сами.

Држењето лажица или чаша во тој период е доста отежнато, бидејќи мускулите неможат да ги коoрдинираат движењата. Затоа родителите треба да бидат доста стрпливи и да го учат детето како правилно да јаде.
Битно е и големината на лажицата да одговара со детската рака и отвор на уста.

Во тој период децата неможат сами да ја држат чашата и лесно може да истурат. Треба да се користи пластична чаша и чинија за да не се скршат и да дојде до повреда. Храната треба да биде течна или кашеста за да може лесно да се џвака.

Во првата година детето полека ја држи лажицата и џвака, се обидува храната да ја донесе до устата, но размачкува насекаде. Веќе во втората година детето разликува како правилно да ја држи чашата. Во третата година не само што јаде,  туку е способно и само да си стави сок или вода од шише во чаша.

 

Advertisement