Истражувачите ја анализирале стапката на зачестеност на симптомите кои што ги собрале СЗО кај повеќе од 55.000 заразени пациенти во Кина.

Истражувањето од Универзитетот во Јужна Калифорнија покажало дека симптомите кај Ковид-19 често се појавуваат со еден ист одреден редослед.

Ова откритие би можело да им помогне на заразените пациенти да го разликуваат коронавирусот од грипот и настинката, па во исто време да се изолираат и да почнат со лечењето.

„Ова е посебно важно да се знае кога се преклопува циклусот како грип, кој што се јавува во ист момент кога трае епидемијата Ковид-19“ – изјавил Питер Кун, еден од авторите на студијата и професор по медицина.

Истражувачите ја анализирале стапката на зачестеност на симптомите кои што ги собрала СЗО кај повеќе од 55.000 заразени пациенти од Кина. Во истражувањето биле собрани и податоци од 1.100 случаи, добиени во периодот од декември до јануари, а истите ги забележале докторите во Кина.

Редоследот на симптомите е клучен?
„Редоследот на симптомите е важен. Знаењето дека секоја болест напредува различно, значи дека докторите можат претходно да утврдат дали некој има коронавирус или пак некоја друга болест“ – истакнал Џозеф Ларсен кој што го предводел истражувањето.

Експертите велат дека симптомите кај Ковид-19 се појавуваат со следниот редослед:

1. Температура
2. Кашлање и болки во мускулите
3. Мачнини и повраќање
4. Дијареа

Првиот симптом на коронавирусот е температура, но…

Значи, се наведува дека првиот симптом кај Ковид-19 е температура, а кај грипот – кашлањето.

„Истражувањето открило дека пациентите заразени со сезонски грип развиваат кашлица, пред температура. Во реалност тоа може тешко да се препознае затоа што грипот често почнува со тријада симптоми, вклучувајќи и болки во грбот, заедно со сувата кашлица“ – вели д-р Роберт Глатер, па додава:

„Иако температурата најчесто е опишана како почетен симптом на коронавирусот, реалноста е поразлична. Пациентите прво губеле чувство на мирис и вкус, без никаков друг симптом“ – додал тој.

Тој исто така истакнал дека кај останатиот дел од пациентите се појавиле и омалаксаност, главоболка и вртоглавица:

„Исто така имаше случаи на пациенти само со болка во градите, без никакви респираторни симптоми. Мачнини, повраќање и дијареа, па потоа се појавуваат температурата и кашлицата“ – појаснил Глатер.