Во текот на овие месеци телото има тенденција да ја зголеми акумулацијата на масното ткиво, за кое придонесува и значително намалената физичка активност и мрсните оброци.

Ние стануваме свесни за оваа критична зона околу половината со првиот знак за потопли денови. Намeсто да размислувате како да ги покриете и скриете трагите од зимата со модни сојузници, ние ви даваме сок, кој во дует со вежбањето ќе ги отстрани мастите.

Состојки за кисел сок:

  • 1 лажичка јаболков оцет
  • 1/8 лажица чили пиперка во прав
  • сок и кора од еден лимон

Подготовка:

Измијте го лимонот а потоа изрендајте ја неговата кора во сад и прелијте со жешка вода. По 10 минути, додадете го сокот од лимон, јаболков оцет и малку чили пиперка. Мешајте пред секоја голтка, и пијте го пред и после јадење.

Чилито во прав – ќе го подобри варењето на храната, го забрзува метаболизмот и го
стимулира топењето на мастите. Имено неговата состојка капсаицин го стимулира нервниот систем да создава толина во телото кое промовира забрзано потрошување на калориите.

Лимонот – содржи супстанца која го забавува таложењето на мастите и кората од лимон содржи policosanol- тип на шеќер кој помага во согорувањето на акумулираните масти.

Јаболков оцет – редовното конзумирање на умерено количество на јаболков оцет помага во разложувањето на мастите во телото. Оцетот, всушност, содржи природни киселини кои ги мијат растворените токсини и ја исфрлаат недигестираната храна од цревата.

Сподели