Кинеското мапирање на лицето или „Мианг Шанг“ буквално значи читање на лицето, а традиционалната кинеска медицина цврсто верува дека лицето зборува многу повеќе за здравјето одколку што мислиме.

Дали некогаш сте се запрашале зошто имате темни кругови околу очите, а добро сте спиени, митисери на носот, а редовно ја чистите кожата или зошто ви се образите бледи, а надвор е студено?!

Се се тоа сигнали кои вашето тело ви ги испраќа. Прочитајте што значат истите.

Чело

Делот на челото го представува системот на варење. Акните на челото означуваат проблеми со варењето или лошо отфрлање на токсините од телото.

Пробајте да се храните посоодветно и еднаш месечно исчистете го телото од насобраните токсини.

Се советува детоксирачка диета со овошје, зеленчук и чаеви, која најчесто се прави 36 часа до три дена, и е забрането внесување на пијалоци кои содржат кофеин.

Доколку и по ова не можете да го отстраните осипот или мозолчињата, наравете тест на толеранција на храната која ја конзумирате.

Доколку имате црвена или сува кожа на челото, тоа е индикатор за дехидрација на вашето тело, па затоа пијте повеќе вода и чаеви.

Делот помеѓу веѓите

Коренот на носот и делот помеѓу веѓите е зона за црниот дроб.

Црвени дамки, мозолчиња или остри брчки на тој дел од лицето укажуваат на отежната детоксикација на црниот дроб.

Помогнете му на телото да се исчисти, со внесување на помалку масна или пржена храна, млечни производи и алкохол.

Може да помогне и акупунктура на ушите, каде се стимулираат специфични точки за ослободување на стресот.

Нос

Врвот на носот ги прикажува белите дробови, а коренот на носто проблемите на желудникот.

Најчесто се проблемите со митисерите, кои укажуваат на лошо варење, а понекогаш и на ниско ниво на хлороводна киселина, која е составен дел од желудната течност.

Оваа дијагноза најлесно може да ја проверите со гастроентерелог, а секако е потребно и да го промените начинот на исхрана.

Доколку носот е многу црвен или капиларите се поизразени, тоа е знак дека внесувате премногу течности кои го загреваат вашето тело, па затоа, намалете го кафето, чајот или алкохолот.

Усни

Тие го претставуваат системот на варење. Бели или многу бледи усни можат да укажат на ниско ниво на железо или слаба циркулација.

Сувата кожа или брчките на усните се причина за недоволно внесување на вода.

Ранички на краевите од усните се знак за ниско ниво на витамин Б или железо. Црвенило, топлина или крварење на непцата се знак за зголемена желудна киселина или храна со високи масти и шеќер.

Образи

Тие го претставуваат дишниот и кардиоваскуларниот систем. Мозолчињата на образите се често резултат на исхраната која е богата со масти.

Бледите образи можат да бидат знак за ниско ниво на железо, а премногу црвени образи пак, укажуваат на лоша циркулација и конзумирање на премногу зачинета храна, алкохол, кафе и нивното затежнато отстранување од организмот.

Најважно е да го промените начинот на исхрана, понекогаш да го прочистите вашиот организам со детоксирачка диета или хомеопатски препарати, а за подобрување на циркулацијата и респираторниот систем ќе ви помогне пилатес или јога.

Делот околу очите

Делот околу очите ги претставува бурезите. Темни или отечени кесички, нјачесто се наследни, а можат да ни укажат на задржување на течностите од целото тело.

Сини или светли, укажуваат на замор или исцрпеност. Црните се поврзуваат со слабокнвост, а жолтите на проблеми со црниот дроб или жолчката, што може да се должи на начинот на исхрана, или пак, наспобрана лутина или разочарувања.

За појавувањето на ситни дамки или пеги под очите одговорно е брзото темпо на живеење или преоптеретеноста. Време е да воспоставите избалансиран ритам.

Нема да наштети и повремено да направите увин или чај од брусница, бидејќи ја подобруваат работата на бубрезите.

Да ги ублажите наведените потешкотии, потребно е да им помогнете на бубрезите. Пијте повеќе вода и билни чаеви, а намалете посолена храна, алкохол и кофеин.

Брада

Овој дел ги укажува промените на работата на бубрезите и системот на варење. Црвенилото на брадата може да биде знак на внесување на високо преработена храна, шеќери и масти.

Но, може да укажува и на неправилната работа на бубрезите, која се јавува од многу тешка работа или стрес.

Конзумирајте храна богата со магнезиум или додатоци во исхраната кои содржат мангезиум, бидејќи спречуваат калсификација на бубрезите и делуваат детоксикациски.

Физичката активност, како и вежбите за релаксирање се исто така добредојдени.

Вилица

На овој дел од лицето се рефлектираат хормоналните промени.

Иако на овој дел најчесто се појавуваат во предменструалниот период, доколку ве мачат почесто од еднаш месечно, се советува хормонска анализа на крвта, а по потреба и хомеопатско лекување.

Ситните водести мозолчиња можат да укажат на проблеми со лимфните жлезди, кој може пак да се должи на внесување на одредени лекови, токсините од надворешната средина или прекумерно внесување на храна богата со рафиниран шеќер.

loading...
Сподели