Кикириките го спречуваат срцевиот удар

Кикиритките би можеле да станат важно оружје во борбата против срцевиот удар, покажуваат резултатите од едно последно истражување. Грицкањето кикирики или јадењето масло од кикирики најмалку пет пати неделно може дури да го преполови ризикот од срцев удар. Откриено е дека кикириките го намалуваат холестеролот, спречуваат воспаленија и ја подобруваат состојбата на крвните клетки околу срцето.

Taa  спаѓа во фамилијата на мешунки и има потекло од Јужна и Средна Америка и Мексико. Инките ги одгледувале  уште пред 3.500 години. Шпанските освојувачи во 15-от век ги донеле  во Европа и насекаде низ светот, а интересно е дека кикириките во Северна Америка се појавиле во 18-от век и тоа преку Африка.

Кикириката е мешунка која расте околу 30 до 50 сантиментри. Има жолти цветови и плодовите растат под земја. Лушпата е рапава и во неа има семе од кикирики, прекриено со тенка кожичка. За кулинарски потреби се употребува семето од кикирики. Кикириките се богати со белковини, минерали, витамини Е и К и исто така, многу важно, не содржат холестерол. Една е од ретките мешунки кои се богати со витамин Д.

Се препорачува кикириките да се купуваат со лушпа, бидејќи така ги содржат сите овие витамини и минерали. Докажано е дека доколку умерено се конзумираат, доведуваат до помал ризик од срцев удар или мозочен удар. Тие го намалуваат холестеролот, спречуваат воспалување и ги зацврстуваат ќелиите околу срцето.Тие би можеле да станат важно оружје во борбата против срцевиот удар, покажуваат резултатите од едно истражување.

Некогаш се сметаше дека костенестите плодови се непожелни во исхраната заради својата калоричност и високото ниво на масленост. Сепак овие плодови се едни од најздравите за јадење.Многу важно да се знае  кои кикирики да се јадат. Па така, јадете ги оние  кои ви изгледаат свежо, бидејќи старите  во себе содржат микроогранизми со канцероген отров-афлатоксин.

 

 

Scroll To Top