Кељот непријател на ракот

Кељот  е зелен лиснат зеленчук и припаѓа на групата каде што е и зелката. Кај нас уште нема навика да се користи  повеќе во исхраната. Тој е добар извор на калциум, магнезиум,витамин К,витаминА, витамин Ц,растителни влакна, железо,фолна киселина,флавоноид и лутеин. Тој е доста вкусен за јадење и помага при многу болести.За него зборуваат дека е непријател на ракот на јаниците, бешиката, дебелото црево, простата и дојката. Делува и против воспалителни процеси, се грижи за здравјето на коските и помага за детоксикација на организмот.

Иако се смета за зимско растение, го има во текот на целата година. Во зима е посладок, ако овене или стане браон, малку е погорчлив. Кељот може да се свари, а може и да се јаде сиров или да се додаде во миксер кога се прави сок од зеленчук. Може да се бланшира, да се вари, динста или да се пржи. Може да ги замени спанаќот или зелката. Можете да го исечкате ситно како магдонос и да го додадете во салати или во супи. Ќе му даде боја и специфичен вкус на речиси секое јадење.

Кељот е еден од главните состојки во здравите шејкови и третманите за детоксификација бидејќи содржи супстанци кои ги регулираат токсините во нашиот организам. За здрав шејк од кељ кој ќе го заштити здравјето на вашата кожа испасирајте кељ, една банана, јаболко, малку цимет и лажичка мед со шоља немасен јогурт и уживајте.

Scroll To Top