Казна од 300 до 650 евра за родителите што не ги вакцинирале децата

вакцини надеца

Парични казни ќе добијат 70 родители кои не ги однеле децата на вакцинација. Против нив се поднесени прекршочни пријави, за периодот од јануари до август годинава.

Од нив три се за ХПВ а останатите од календарот за имунизација. Од инспекторатот документацијата ја доставиле до суд. Родителите ќе треба да платат казна од 300 до 650 евра.

Инаку, од утре почнува вакцинацијата против сезонски грип. Вакцината штити од три типа грип и чини 400 денари.

Извор: Фактор

Scroll To Top