Користењето на некои видови козметика, може да предизвикаат рак на белите дробови или на желудникот, бидејќи содржат опасни нивоа на хром, предупредуваат американските научници.

Некои шарени и сјајни козметички производи, содржат вознемирувачки нивоа на алуминиум и манган.

Постојат научници, кои некои козметички препарати ги поврзуваат со Алцхајмеровата болест, а постојат и сомнежи дека манганот може да е причина за промени во расположението, проблеми со меморијата и координацијата.

Во истражувањето учествувале 32 различни марки козметички производи, од кои голем дел од нив биле популарни меѓу тинејџерките во САД. Експертите не ги откриле брендовите, но истакнале дека тие се широко достапни на пазарот, а нивната цена е висока. Анкетата покажува дека младите девојки и жени нанесуваат кармин или сјај на усните во просек 2-3 пати на ден. Негативните ефекти не се видливи веднаш, но според научниците тие можат да имаат долгорочно негативно влијание, пишува БГНЕС.

Кармините содржат олово…

Експертите во кармините откриле концентрации на олово, кадмиум, хром, алуминиум и уште пет тешки метали. Во некои концентрации се доволно високи да предизвикаат загриженост за здравјето односно зголемен ризик за развој на рак и за невролошки проблеми.

Лицата кои кармините за усни ги користат во просечни количества можат во својот организам дневно да апсорбираат околу 24 милиграми од производот, а тие коишто го нанесуваат почесто дури и до 87 милиграми тешки метали.
Advertisement