Карфиолот е зеленчук богат со здрави хранливи состојки и антиоксиданси. Тој не содржи масти и можете да го јадете во кој било период од денот, па дури и кога сте на диета. Единствено што треба да внимавате е да не го преварувате, бидејќи така ќе ја изгуби својата хранлива вредност. 

Карфиолот е одличен антиоксидант

Овој вкусен зеленчук е богат со витамин Ц и магнезиум, кои се сметаат за одлични антиоксиданти, неопходни за нашето целокупно здравје. Една шолја карфиол содржи 54.93 mg витамин Ц. Препорачлива доза на витамин Ц што треба дневно да се консумира е 75 mg за жени и 90 mg за мажи, што значи дека со 2 шолји карфиол на ден ќе ја задоволите потребата на телото ов витамин Ц.

Други состојки кои ги содржи карфиолот и важат за антиоксиданти се: бета-каротенот, бета-киптоксантинот, ферулната киселина, рутинот, цинаминската киселина и многу други. Сите овие состојки го заштитуваат телото од слободни радикали и го намалуваат ризикот од заболувања предизвикани од оксидативен стрес. Тие исто така го успоруваат процесот на стареење.

Карфиолот делува против воспаленија

Уште една добра работа кај карфиолот е тоа што е богат со Омега-3 масни киселини и витамин К, кои се добро познати како состојки кои делуваат против воспаленија. 1 шолја варен карфиол содржи 0.21 g омега-3 масни киселини и 11.17 mg витамин К.

Карфиолот е одличен за детоксикација

Карфиолот содржи фитохемикалија наречена глуцксинолати, кои му помагаат на телото да се ослободи од токсините. После брокулата, карфиолот содржи најмногу глукосинолати.

Карфиолот го намалува ризикот од срцеви болест

Бидејќи се смета за антиоксидант и делува против воспаленија, карфиолот го намалува ризикот од срцеви болести. Тој исто така содржи алицин кои го намалува ризикот од срцев удар и други кардиоваскуларни болести.

Карфиолот помага при варење на храната

Карфиолот е богат со хранливи влакна кои помагаат при варење на храната. Овие влакана се многу важни, бидејќи го прочистуваат дигестивниот систем и му дозволува на изметот полесно да се движи низ каналот.

Карфиолот не ја зголемува вашата тежина

Карфиолот е одлична закуска за секој период во денот, бидејќи не содржи масти и холестерол и има само 28 калории.

Консумирајте карфиол за време на бременост

Карфиолот е богат со витамин Б кој спречува неурални пореметувања на бебето за време на бременоста.

Сподели