bebeska kozaКрасти на главата
Ако се остават, овие цврсти, жолтеникави красти на темето на главата на крајот ќе исчезнат. За да се забрза тој процес нанесете малку маслиново масло на тие места за да омекнат крастите пред да ги шампонирате и потоа земете чешел или четка за бебиња со кои нежно ќе ги отстраните од главата.
Распукана кожа
Обично ја има зад ушите и често може да се реши со нанесување вазелин еднаш до два пати дневно. Ако распукана кожа се појави и на скалпот или лицето, тоа веројатно е егзема или себореичен дерматитис. Тоа проверете го кај педијатарот.
Бели точки
Овие малечки бели точки на носот се пори што се уште не се отвориле целосно. Кога ќе се отворат целосно, ќе исчезнат. Немојте да ги стискате – може да останат лузни.
Неонатални акни
Многу вообичаено е во првиот месец акните да предизвикаат мозолки на лицето, скалпот, ушите и вратот. Тоа може да биде реакција на менувањето на нивоата на феталните и мајчините хормони. Обично не е потребен третман, кожата се чисти за неколку недели.
Бебешки акни
Ова се појавува после првите три месеци и повеќе го имаат машките отколку женските деца. Благите случаи немаат потреба од третман, но бидејќи посериозните бебешки акни можат да предизвикаат трајни лузни, одете кај педијатар на третман.
Светлоцрвени распукани образи и брада
Честопати при излегувањето на забите и лигавењето, овие црвени места може да бидат исчистени со сушење на кожата на бебето и со употреба на благо навлажнувачко средство.

Превземено од Se za deca .com

Сподели