Сколиоза (потекнува од грчкиот збор сколиосис  што значи „искривено”) е медицинска состојба, каде што се забележува искривување на рбетот од едната страна.

Иако е сложена тродимензионална деформација, доколку би се видело на рендгенските снимки од задната страна, ‘рбетот на лицето со сколиоза може да изгледа повеќе како буквите „S” или „C” отколку како права линија.

Сколиозата се класифицира како вродена (предизвикана од аномалии на пршлени  од раѓање), идиопатска (не е познато од што е предизвикана, подкласифицирана како детска, адолесцентна или возрасна во зависност од тоа кога се појавила) или невромускуларна (кога се развива како втор симптом од друга состојба, како спина бифида, церебрална парализа,  спинална мускуларна атрофија, физичка траума. дијагностицирани со оваа состојба

Знаци и симптоми

Пациентите кои имаат достигнато зрелост, ретко доживуваат влошување на состојбата. Некои тешки случаи на сколиоза може да доведат до намалување на капацитетот на белите дробови, притисок на срцето и ограничувања во однос на физичките активности. Но кај децата ситуацијата е друга и треба да се внимава.

Знаци на сколиоза:

  • Нееднаква мускулатура на едната страна од ‘рбетот;
  • Испакнатост на ребро или испакнатост на плешка, предизвикана од ротација на ребрата во торакална сколиоза;
  • Нееднакви колкови (должина на нозете0);
  • Спори нервни дејства (во некои случаи).

Лекување

Повеќето деца имаат благо искривување, помало од 20 степени и не им е потребен третман со корсет или хируршка интервенција. Потребно е често да се оди на контрола и да се прават рентгенски снимки, за да се следи степенот на искривување. Децата кои што сè уште растат, треба да одат на контрола на секои 4-6 месеци, за да се види дали има промени.

Одлуката за тоа какво да биде лекувањето зависи од многу фактори како: возраста, зрелоста на детето, полот, присуството на сколиоза во семејството и степенот на искривеност.

Ако искривеноста на ‘рбетот на вашето дете е од 25 до 40 степени и продолжува да се зголемува, вашиот доктор може да ви препорача третман со корсет. Носењето на корсет нема да ја излечи сколиозата или да ја намали искривеноста, но ќе го спречи понатамошното искривување.

Повеќето корсети треба да се носат постојано и дење и ноќе. Тие можат да ја спречат прогресијата на сколиозата и во 90% од случаите нема потреба од хируршка интервенција.

Корсетите треба да се носат според инструкциите на вашиот доктор и да не се занемаруваат. И детето и родителите треба да сфатат колку е важно носењето на корсетот. Кога скелетот веќе е зрел (15-16 години кај женските и 17-18 години кај машките) или искривеноста е многу голема (40-45 степени), третманот со корсет нема да помогне.

loading...
Сподели