Каков зеленчук е целерот?

celer 11

Јаболкото ја има титулата за најздраво овошје, а спанаќот за најздрав зеленчук. Во споредба со нив, целерот е  сосема занемарен. Кога ќе ги прочитате овие 11 причини зошто е добар за здравјето, можеби ќе стане вашиот омилен зеленчук:

1. Ја регулира тежината

Еден голем целер има само 10 калории. Затоа користете го во салати и супи.

2. Помага при воспаление

Ако имате пневмонија, астма или акни јадете повеќе целер кој ќе ви помогне во лекувањето на воспалителните процеси.

3. Целерот смирува

Ова растение е полно со магнезиум и етерични масла кои помагаат при смирување на нервниот систем. Еден целер пред спиење помага за подобар сон.

4. Ја регулира pH вредноста во телото

Целерот има многу минерали, кои помагаат во намалување на киселина во желудникот.

5. Помага кај варењето на храната

Високиот процент вода во комбинација со влакна помага во регулирање на столицата.

6. Содржи добри соли

Солта во целерот е органска, природна и неопходна за вашето здравје.

7. Добар е за видот

Едно стебленце целер содржи до 10 проценти од дневните потреби на организмот за витамин А, кој е неопходен за добар вид.

8. Целерот го контролира „лошиот холестерол”

Butylphthalide, состојката во растението која му дава специфичен вкус на целерот, исто така помага во намалување на количината на лошиот холестерол.

9. Го намалува крвниот притисок

Свежиот целер, научно е докажано дека го намалува крвниот притисок.

10. Дејствува како афродизијак

Овие не се само измислени приказни, науката докажа дека целерот има состојки кои ја стимулираат сексуалната возбуда.

11. Помага кај ракот

Неколку студии покажале дека целерот го запира растот на малигните клетки, особено клетките на ракот на панкреасот. Други студии тврдат дека го спречува создавањето на клетките на ракот на дојка

 

Scroll To Top