Каков треба да е контактот со децата ?

dobar kontakt so decata

Контактот со децата треба да е внимателен, смирен и нежен, без викање и брзи движења, зошто децата бргу и лесно се возбудуваат. Кога нешто бараме од нив, треба да се однесуваме како да  разговараме со возрасен, а детето ќе се чуствува како возрасен и така и ќе се однесува, а она со што е задолжено да го заврши , ќе го исполни како возрасен, со задоволство и радост.

Знаејќи дека концентрацијата на децата е слаба, ние треба да внимаваме и да не ги оптоваруваме подолго време со една иста активност. Пр: со сервирање на масата, а ручекот не е готов. Во таа ситуација не треба пред време да го замараме, бидејќи неговото трпение бргу попушта, се јавува пасивност, вознемиреност и ручекот губи од важноста на детето. Тоа станува и продолжува со играта. И од тие причини треба да бидеме претпазливи на нашиот однос кон нив.

Advertisement