Крвните групи, освен начинот на кој треба да се храниме, ги откриваат и карактеристиките на поединецот за водење љубов.

 

Крвна група А

Лицата со оваа крвна група понекогаш имаат тежок емотивен живот благодарение на своите карактеристики: срамежливост, повлеченост и страв. Многу тешко ги искажуваат чуствата и се плашат да им се препуштат. Им недостига храброст, а тоа само повеќе им штети.

Жените со крвна група А поседуваат неограничена љубовна фантазија. Тие уживаат во големи и страсни љубовни приказни. Во реалниот живот им недостасува самодоверба, плашливи се и крајно затворени и повлечени. Се плашат од вљубување и многу тешко им се препуштаат на чувствата. Во бракот се одлични сопруги, иако не се претерано штедливи.

Мажите со оваа крвна група се нежни, силни и преполни со разбирање. Сепак немаат доволно самодоверба, па бараат сигурност во врската со жени кои имаат слични карактеристики. За да бидат среќни во љубовта и да имаат добар секс, не им е потребна експлозивна страст.

Крвна група Б

Тоа што нема врска со срцето, за нив не постои. Не прифаќаат никакви правила или норми, не се придржуваат на забраните. Преокупирани се со моменталната ситуација и не ги интересира иднината.

Жените со оваа крвна група се многу динамични, а во јавниот живот понекогаш и екстравагантни. Но, кога ќе го сретнат мажот на својот живот, стануваат повлечени, дистанцирани и наводно доблесни. Фантазираат, оптимистични се, меѓутоа, сексот за нив, првенствено мора да биде хигиенски.

Мажите со оваа крвна група се многу необични. Тие уживаат да заведуваат. На сите жени што ги среќаваат им делат комплименти, па во нивно друштво тие се чуствуваат посебни и единствени. Мажите од крвната група Б ги третираат жените како кралици. Но, проблемот кај овие мажи се јавува кога треба да ја најдат својата животна сопатничка. За нив сексот е многу важен, инвентивни се и совршени во него.

 

Крвна група АБ  

Овие лица живеат во склад со своите чуства, па поради тоа понекогаш изгледаат наивно.

На жените со крвна група АБ не им е многу лесно, затоа што истовремено се големи фантазери, но и рационални. Тие ги фасцинираат мажите со својата необичност, но во тоа претеруваат, па тешко освојуваат. Во бракот се добри сопруги, кои го сакаат својот дом и децата.

Мажите со оваа крвна група не сакаат да зборуваат за љубовта. Уживаат во друштво на жени, кои ги привлекуваат како магнет. Преокупирани се со сексот и во него одлично се снаоѓаат. Нивна специјалност е додворувањето.Големи заводници кои се додворуваат суптилно, отворено и наклонето.

Крвна група 0 

Лицата со оваа крвна група, во љубовта се однесуваат  како и во работата, односно тие се темелни и упорни, без комплекси и настапуваат отворено кога заведуваат.

Жените со крвна група О се отворени и преполни шарм. Тие ги сакаат оние мажи во кои можат да имаат доверба. Потребни им се комплименти и докази за тоа колку вредат. Кога се во врска или во брак, многу се верни, а имаат потреба за физички контакт и страсна љубов.

Додека пак, мажите што ја имаат оваа крвна група сакаат да заведуваат и се вистински авантуристи, па поради тоа понекогаш се неискрени и кон себе. Затоа, жени, колку повеќе ќе го оставите да чека, тој ќе биде поупорен и повеќе ќе ве засака. Тие се многу чуствителни, совршени љубовници, со кондиција во кревет која изненадува.

 

 

loading...
Сподели