Иако чаевите најдобро е да се пијат помеѓу оброци, оние кои навикнале на утринска шолја кафе, посегнуваат и по шолја чај наутро.

Исто како и кафето, шолја чај наутро, може да го „вознемири“ празниот желудник, а доколку сакате денот да го започнете со напиток без кофеин, тука се повеќе опции. Изборот ќе зависи од она што Вие го преферирате.

Најчесто се препорачува утринска шолја зелен чај кој ќе Ве енергизира. Но доколку не сте љубител на овој чај подобро е да консумирате чаеви кои ќе ве разбудат и нема да му штетат на вашиот желудник.

Утрото може да го започнете и со чај од:

  • нане,
  • шипка,
  • овошни чаеви како чај од брусница, лимон и боровница.

Сепак, ниеден чај не се препорачува да се пие баш секое утро, така што најдобро би било да изберете неколку опции и да ги пиете наизменично.

Доколку пак не можете без кофеин, одлучете се за црн чај. Има доволно кофеин за да Ве пробуди, но многу помалку од шолја кафе.

Advertisement