Како ве дефинираат другите?

без самодоверба

Колку енергија, време и напори трошите во размислување и грижа за тоа што другите мислат за вас? Степенот до кој им дозволувате на другите да ве дефинираат, може да биде сериозна пречка во развојот и одржувањето на здрава самоперцепција.Повеќето од луѓето имаат доста добра идеа за тоа кои се или барем веруваат дека би можеле да бидат. Таа идеја содржи информации од расен и етнички карактер, верски и духовен развој, ваши различни социјални улоги, како и чувство на лична вредност и самопочитување.Исто така, сѐ она што ви се рефлектира од страна на вашите односи, заедница и околина во која живеете, ви помага во формирањето на дефиницијата на самите себе.

Но кога постои нерамнотежа меѓу самосвеста и рефлектирачката самоперцепција, каде преовладува рефлектирачката самоперцепција или со други зборови повеќе потпирате на она што го мислат другите за вас, отколку што мислите сами за себе, започнувате да се движите по пат кој може да ве доведе од многу нестабилна самосвест до парализирачка анксиозност.Ваквиот тип емотивно нарушување е длабоко внатрешен. Тоа е дел од приказната за вас,а која, во повеќето случаи во реалноста, нема здрав темел. Колку повеќе на другите им дозволувате да ја диктираат вашата свест за вас самите, толку повеќе ја трошите вашата сила.На пример, не е невообичаено да се двоумите околу одлуката да ја смените работата или да купите нешто, доколку вашиот пријател мисли дека тоа не е во ваш интерес.

Здравото преиспитување треба да биде над сомневањето во себе, затоа што со вашата грижа што некој друг ќе мисли за вашата одлука и за вас, само на другата личност и дозволувате да го поткопа вашето чувство за себе и чувството за реалност и со тоа ја диктира целата ваша самосвест.Она што како краен резултат во сето ова се јавува е нарушување на вашиот интегритет. Тоа ниво на дисфункција, често се забележува во динамиката на различни зависности и во вашето поставување на граници. Клучот за одржување рамнотежа меѓу самосвеста и рефлектирачката самоперцепција, во основа, е многу едноставен. Туѓите мислења не треба да ги земате лично.

Со прифаќање на идеата дека секој има свое мислење (имајќи на ум дека луѓето во повеќето случаи имаат чувство дека нивното мислење секогаш е исправно), и тоа дека, тоа мислење е исклучиво нивно и нешто кое би можело да ве информира, но не и да влијае врз вашиот живот, може да ви создаде чувство на неверојатна слобода.Еднаш кога ќе се ослободите од врзаноста за тиранијата на туѓите мислења, ќе сфатите дека многу пречки што сами сте ги креирале, ја губат силата. Колку повеќе сами ги откривате и осознавате вашата базична добрина и убавина, станувате посилни и побогати.

Третман. Можеби, е добро да побарате стручна психолошка помош, доколку постојано, или многу често се случува сопствената слика за себе да ја градите исклучиво на основа на она што другите за вас мислат.

Извор: Психолошко советувалиште Тајна

Scroll To Top