Кај бебињата говорот се развива многу рано, а веќе во шестиот месец многу од работите кои ги слушаат ги разбираат. Кај децата мозокот се развива благодарение на околината, на своите родители. Родителите го подготвуваат своето дете на првите зборови кои ќе ги изговори. Чудесни работи се случуваат во нивните мали главчиња.

Истражување на институтот за проучување на мозокот во Вашингтон донело до заклучок дека бебињата го тренираат збор кој сакаат да го изговорат многу порано пред тоа да им успее. Бебињата го развиваат говорот многу рано, а веќе до својот прв роденден најмногу се фокусираат на изговорот на зборовите кои ги слушаат најчесто. Слушајќи ги своите родители, или луѓето со кои поминуваат најмногу време го ставаат својот фокус на зборовите кои им се чинат наједноставни за изговарање.

Докажано е дека мозокот на бебињата се обидува да сфати како правилно да изговори некој збор. Неинванзивното снимање е дел од мозокот на детето и е задолжен за планирање на говорот додека ги слуша своите родители. Родителите за време на тестирање наизменично зборувале на мајчин јазик и на шпански. Кај бебињата до 7 месеци старост реоните од мозокот се активирале кога го слушнале гласот на својот родител без обзир на кој јазик зборуваат.Целта на ова истражување е на родителите да им се укаже важноста на разговорот со бебињата уште од нивните први денови.

Вашето дете ќе разбере како да ги користи зборовите за да го опиште тоа што го гледа, слуша, чувствува и мисли. Уште пред да го каже својот прв збор, детето слуша и учи од работите и луѓето околу него.

Како говорот се развива за време на првата година?

Од моментот кога бебето пристигнува на овој свет, тоа учи како да комуницира. Првата форма на комуникација е плачењето. Плаче кога е гладно, кога не му е удобно и кога е уморно.

Во првите три месеци, бебето ќе почне да зборува со себе и ќе почне да испушта звуци кога родителите му зборуваат. Можеби ќе почне да го препознава своето име. Во шестиот месец, се забележува фаворизирање на некои звуци, како “ба” или “ма”, затоа што тие се полесни за изговор. Ќе почне да ги повторува зборовите кои најмногу му се допаѓаат.

Како ќе научи да зборува?

12 до 17 месеци

Од својот прв роденден, детето ќе почне да користи еден или повеќе зборчиња на кои им ги знае значењата. Околу 15-от месец, детето ќе почне да го крева својот глас на крајот на прашална реченица. Ќе почне да користи гестури за да го нагласува она што сака да го каже, како покажување и мавтање со раце. Детето ќе почне да разбира и да следи едноставни и рутински инструкции.

18 до 24 месеци

До 18-от месец децата користат шест до дваесет едноставни зборови. До втората година, детето можеби ќе користи педесет или повеќе едноставни зборови. Детето можеби ќе почне да поврзува повеќе зборлиња, образувајќи основни реченици како “носи ме”, “дај ми”. Исто така, ова е периодот кога децата почнуваат да учат едноставни рими и песнички. Децата зборуваат со себе додека си играат. Уживајте во слушањето на своето дете додека креира свои зборови. Не е важно што речениците немаат смисла. Зборовите како “тој”, “тие”, “јас” може да го збунат детето. Некои работи и луѓе се апстрактни за децата. Не грижете се ако говорот на вашето дете не е чист.

25 до 36 месеци

На оваа возраст, децата се доста возбудени и не можат да научат како да го менуваат гласот и интонацијата на зборување. На оваа возраст веројатно ќе научи како да го користи зборот “не” доста често. Тоа е начин на означување на самостојноста. Помеѓу втората и третата година, вокабуларот ќе се зголеми на околу 300 зборови. Децата почнуваат да поставуваат едноставни прашања како “кој?”, “кога?” и “што?”. Родителите треба да бидат трпеливи околу љубопитноста на своето дете, затоа што децата на оваа возрост сакаат да го знаат одговорот на се што ќе си замислат.

До дека да наполнат три години, децата се способни да формираат едноставен разговор.Не изненадувајте се ако вашето дете греши додека се искажува. Наместо да ги насочувате нивните грешки – поправајте ги.

Како да го охрабрите детето да зборува?

Зборувајте му на своето дете колку што можете повеќе за време на секојдневната рутина. Колку повеќе му зборувате на детето, толку повеќе нови зборови ќе научи. Зборувајте му на детето додека го бањате, храните, додека јаде и дајте му време да одговори со насмевка или некаков контакт. Користете ги секојдневните активности да му помогнете на детето да направи врска помеѓу акциите и предметите и зборовите кои ги објаснуваат. Додека зборувате со своето дете, поедноставете го својот говор. Користете кратки реченици и нагласувајте ги клучните зборови. Ова ќе му помогне на детето да се фокусира на важните информации. Пробајте да зборувате со вашето дете од време на време со реченици кои се подолги за по еден збор. На пример, ако вашето дете каже “риба’, вие можете да кажете “да, голема риба.” Можете да го збогатите вокабуларот на детето со тоа што ќе му дадете избори, како “Сакаш портокал или мандарина?”. Во меѓувреме можете да му покажете портокал и мандарина. Ова им помага на децата да створат слика за некој збор во својот ум. Листајте и читајте му книги на своето дете.

Како да знаете дали вашето дете има проблем со изговарањето?

Не постои едноставен тест кој ќе ви каже дали вашето дете има проблем со говорот. Ако сте загрижени, зборувајте со лекар. Само професионалец може да потврди дали говорот на децата се развива нормално.

loading...
Сподели