Честопати се прашувате како влијае разводот врз оформувањето на детскиот карактер? Многу дечиња и тинејџери се исправени пред чинот уште од мали нозе да се соочат со брачните проблеми на своите родители, што им создава главоболка на секој чекор. Секојдневно се неми посматрачи на кавгите на родители, кои оставаат трауми за цел живот на нивните деца.

razvod

Разводот може да има погубно влијание врз децата, без оглед на нивната возраст. Постојат размислувања дека тинејџерите полесно го пребродуваат овој тежок период во нивниот живот. Но, не е се како што изгледа. Позади маската на среќа се кријат скршени срца, кои се поделени меѓу двајцата родители. Од моментот кога ќе се донесе таква одлука, децата се ставени пред нов предизвик. Тука почнува борбата за старателство, кај кого ќе остане детето?

Честопати, разводот само ги менува проблемите од еден вид во друг. Всушност, со него може да ти се смени сѐ — од местото на живеење до финансиската состојба — и тоа, веројатно, на полошо. Но, разводот силно влијае и врз децата. Токму во периодот од животот кога тинејџерите учат да склопуваат цврсти пријателства, разводот ги учи на спротивното — дека во животот не треба многу да сметаат на довербата, верноста и љубовта. Подоцна, кога ќе станат возрасни, можеби и ќе се плашат да бидат блиски пријатели со некого.

Сподели