Како пушењето влијае на бременоста?

pregnant-woman-breaking-ciggarette-600x325Пушењето и бременоста не одат заедно, но вие можете да преземете чекори за да ги зголемите вашите шанси за прекин со пушењето засекогаш.

Ако пушите и сте бремени или планирате да забремените, имате уште повеќе поттик да престанете со пушењето.

Пушењето може да ви го отежне забременувањето.Може да го зголеми ризикот од ектопска бременост, кога оплоденото јајце се вгнездува вон матката, обично во фалопиевата туба.

Некои истражувачи велат и дека пушењето може да има влијание на емотивниот развиток на бебето, на однесувањето и на способноста за учење. Пушењето може да има влијание и на плодноста на самото бебе.

Индиректното пушење може да влијае на здравјето на детето. Жените што не пушат, а се во зачадена просторија, имаат зголемен ризик од губење на бременоста или добивање бебе со дефекти при раѓање или слаба тежина.

Advertisement