Како природно да го исчистите црвенилото и испуканите капилари од лицето?

kuperoza

Голема непријатност чуствуваат луѓето, кои имаат црвенило и испукани капилари на лицето, а посебно преставниците на понежниот пол. Причините за оваа состојба се уште до крај не се испитани. За да го решите овој проблем, има доста природни и ефикасни средства, за кои сакаме денес да ви напишаме.

Како да го излечите црвенилото и испуканите капилари на лицето:

1.Алое

Исечете еден лист алое и ставете го неколку дена да стои во фрижидер. Пред спиење со алоето, кое претходно е ставено во зелен или црн чај, мачкајте го лицето. Ако малку пече, издржете, затоа што пецкањето ќе помине со 2-3 третмана. Оваа постапка повторувајте ја секој втор ден во рок од две недели.

2. Зелен патлиџан

Во рок од 10 дена секојдневно ставајте облоги од зелен патлиџан, кој во себе содржи киселини, кои активно делуваат на чистење на црвенилото и испуканите капилари. Исечете го патлиџанот на кришки и ставајте го на проблематичните делови на кожата, со тоа што ќе го држите 3 минути. После тоа, ставете на лицето хранлива крема.

3. Магаданос

Земете една рака магданос и прелијте го со 100 мл зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои половина час. После тоа, процедете и додајте 50 мл млеко. Со оваа течност намокрете еден мал пешкир, нежно исцедете го и ставете го на проблематичниот дел од вашето лице. Процедурата работете ја секојдневно 20 дена. После повторувајте ја по потреба.

4. Жалфија

4 лажици сушена жалфија прелијте  ја со 200 мл врела вода. Поклопете и оставете да отстои 10 минути. Процедете и додајте 200 мл млеко. Со ова течност, темелно исчистете го лицето. После 10 минути измијте го со преостанатото млеко и на крајот измијте го со вода. Оваа постапка можете да ја правите се додека не дојде до подобрување на вашето лице.

 

 

 

Scroll To Top