Како на одмор со мали деца?

na odmor
Секогаш пред да тргнете на долгоочекуваниот одмор, кој го чекате цела година, за да здивнете од градските гужви и работните обврски, се наоѓате пред нова дилема што се ви е потребно за на вашето дете да му биде удобно патувањето и уживањето во десетдневниот одмор. Пред да тргнете од дома треба добро да размислите што се да понесете со вас, почнувајќи од семејна аптека, до облека во различни варијанти, играчки и детско седиште. Вашиот одмор од соништата може да почне, но секогаш треба да бидете подготвени и на мали „непријатности“.

Ско­ка­ње­то во во­да мо­же да пре­диз­ви­ка вос­па­ле­ние на уво­то

Ко­га се на од­мор, де­ца­та мно­гу чес­то ста­ра­да­ат од вос­па­ле­ние на уши­те. Пос­тои по­се­бен вид на вос­па­ле­ние, или та­ка­на­ре­че­но “пли­вач­ко уво”, кое е пре­диз­ви­ка­но од за­др­жу­ва­ње на во­да­та во уши­те. Сим­пто­ми­те се свр­беж, бол­ка и ле­че­ње на бе­луз­ла­ва теч­ност. Ако ис­це­до­кот на бе­луз­ла­ва­та теч­ност е во по­го­ле­ми ко­ли­чи­ни, то­гаш об­ра­те­те се кај док­то­рот. Но, ако вше­то де­те по­чувс­тву­ва че­ша­ње или не­кои чуд­ни зву­ци во уши­те, то­гаш овој проб­ле­ма мо­же да го ре­ши­те и со маст за вос­па­ле­ние на уши. На пла­жа де­те­то не тре­ба да се сон­ча го­ло.Ро­ди­те­ли­те тре­ба да про­це­нат кол­ку е чис­та пла­жа­та и да­ли тре­ба да го ос­та­ват де­те­то да си иг­ра без кос­тим за ка­пе­ње. Се­пак, на пла­жи­те на кои по­ми­ну­ва­ат ил­јад­ни­ци ту­рис­ти, ва­ше­то де­те мо­же да би­де из­ло­же­но на ри­зик ако го ос­та­ви­те да си иг­ра го­ло на пе­со­кот или пак да се ка­пе во во­да. Проб­ле­мот е по­ја­ва на бак­те­ри­ско вос­па­ле­ние. На пр­ви­те зан­ци, ка­ко што се цр­ве­ни­ло или свр­беж, пот­реб­но е уба­во да ги из­ми­е­те ге­ни­тал­ни­те зо­ни на ва­ше­то де­те со мал­ка во­да и чај од мај­чи­на ду­ши­ца или ка­ми­ли­ца.

И под сен­ка се до­би­ва топ­ло­тен удар

Ма­ло­то де­те се уш­те не­ма доб­ро раз­ви­ен ма­ха­ни­зам на тер­мо­ре­гу­ла­ци­ја. За­тоа, ко­га во воз­ду­хот има го­ле­ма влаж­ност, или ако е дол­го во ав­то­мо­бил без кли­ма уред, де­те­то не ус­пе­ва да го ола­ди сво­е­то те­ло, со по­мош на по­те­ње, а опас­нос­та е то­по­тен удар. Ако де­те­то е цр­ве­но на ли­це­то, ис­по­те­но и со мок­ра ко­са, од­не­се­те го на мес­то ка­де цир­ку­ли­ра воз­дух, нас­то­ју­вај­те да го ола­ди­те со лад­ни об­ло­ги, и за­дол­жи­тел­но дај­те му да се на­пие лад­на во­да во ма­ли гол­тки. Не за­бо­ра­вај­те де­ка де­те­то по­ма­ло од три го­ди­ни мо­ра да би­де заш­ти­те­но од топ­ли­на­та на сон­це­то: се­ко­гаш не­ка но­си ше­шир­че, а ако од­би­ва да го но­си ладете му ја главата со вода.

При изборот на летна дестинација, треба да обратите  внимание и на превозното средство, особено ако сте решиле да патувате со мали деца. Одберете превозно средство со кое најбрзо ќе стигнете до посакуваното летувалиште, но и кое ќе ги задоволи сите детски потреби во врска со спиењето, храната, преслекувањето и играта.
Ако патувате со автомобил, мора да имате адекватно седиште за бебето во автомобилот. Седиштата треба да бидат анатомски обликувани со задолжителн и безбедносни ремени. Тие треба да бидат добро фиксирани на задното седиште на автомобилот, така што нема да го покриваат погледот на возачот кон задното стакло.
Ако патувате преку туристичка агенција, треба да одберете добар автобус со клима уред за детето да може полесно да го издржи долгото патување.

 

Advertisement