Уште од многу одамна е познато дека бременоста во 35-тата година од животот, може да го зголеми ризикот од здравствени компликации кај жените и децата. Дали е тоа точно? Која е границата за една девојка да стане мајка?Лекарите честопати апелираат дека, како годините поминуваат, се потешко е девојките да станат мајки, бидејќи „стареењето“ со себе носи и ризици.

plodnost

Во денешно време, многу жени се одлучуваат да останат подоцна бремени, дури после триесетата година од животот. Познатиот медицински весник „British Medical Journal“ објави студија во која се наведува дека  се почесто се случува жените потешко да забременат. Студијата понатаму посочува дека, дури и по 42 години, повеќе од половина од бременостите резултираат со спонтан абортус.

Сепак, постои и добра вест. Постојат бројни медицински истражувања, кои покажуваат дека децата со малку постари родители имаат ” предност” кога станува збор за квалитетот на времето, поминато со мама и тато. Едноставно кажано, постарите родители имаат во просек повеќе време и можност да се посветат на децата, отколку помладите родители, кои често растргнати помеѓу кариерата и семејството, па забораваат на семејниот живот.

Лекарите апелираат дека многу е важно,  кога жените ќе одлучат да забременат, да се направат сите релевантни здравствени прегледи , редовно да се посетува лекарот и да се слушаат неговите совети. За жените постари од 35 години се препорачува амниоцентеза. Со редовна контрола и здрав став кон животот, бременоста може да се одвива нормално, без оглед на возраста.

Сподели