Како децата да научат да користат нокшир?

na noksir
Малите деца до тригодишна возраст најчесто носат памперс, се додека не се навикнат да користат нокшир. Некогаш самата постапка на навикнување на детето да моча на нокшир изгледа пеколна и исцрпувачка. На децата им е потребен одреден период да се адаптираат на новата ситуација што значи дека на самиот почеток пружаат отпор.

Многу мајки се тешат со тоа дека се уште е рано нивните деца да се одвикнат од мочањето во пелени. За да не се доведете себеси и вашето дете во таква ситуација треба да направите план како да го изведете целиот процес. Навикнувањето на нокшир мора да оди по некои природен тек. Детето е подготвено на тој чекор некаде околу втората година кога покажува одредени знаци.

Мајките треба да ги следат неговите знаци, за да знаат дали тоа е спремно на тој чекор, дали сака да носи гаќички, дали пелената му е сува или влажна и дали се жали на влажни пелени. Кога веќе ќе тргнете да го навикнувате детето да користи нокшир, тогаш немој да се откажувате, за да не го збуните.

Advertisement