otoci na nozete pri bremenost

Топлото време, солената храна и газираните пијалоци се едни од главните причинители за појава на отоци во бременоста. Постојат неколку работи кои можете сами да ги применувате за да ги намалите отоците кои сигурно ве мачат во овие жешки денови.

Најпрво исклучете ја солта во исхраната, особено соленото сирење. Солта која се наоѓа во лебот е сосема доволна за целиот ден. Пијте многу вода, немојте да пиете газирана вода, бидејќи таа прави големи отоци.

Одмарајте почесто, особено со подигнати нозе. Кога лежите задолжително ставете перница помеѓу нозете, така циркулацијата во нозете се подобрува. Лежете на левата страна, така нема да ги притискате големите крвни садови, кои се наоѓаат во десниот дел на градниот кош, кој се грижат за протокот на крвта во долниот дел на телото.

Правете лесни физички вежби соодветни за бременоста или правете умерени прошетки кои ја стимулираат циркулацијата. Немојте да седите со прекрстени нозе, долго да стоите и седите.

Носете лесна и удобна облека, особено во летните топли денови. Блага масажа на стапалата е препорачлива, како и носење на удобни и ниски обувки.

loading...
Сподели