Има различни типови ‘‘тешки луѓе‘‘. Некои се отворено тешки, агресивни, наметливи, додека пак другите се притаено, пасивно агресивни.

  1. Постојано критикуваат.

Нивната животна позиција е дека тие се во ред, а сите други не се. Најчесто покажуваат лутина, бес, презир со што ја изразуваат својата супериорност и моќ. Умеат некој проблем, добро да го воочат, но не и конструктивно да го решат. Со своите неконструктивни критики, воглавно предизвикуваат конфликт .Нивното мислење е единственото исправно.

Во сопствените очи, тие се големи праведници. Со својата контрола дома, ги кочат другите и предизвикуваат тензија. Со ваквиот начин на реагирање, се обидуваат да ја задоволат својата позитивна слика за себе и за моќта. Во нивниот поглед на светот, комбинирани се три фактори:чувство на инфериорност, немоќ и надворешен центар на контрола.

За да се справат со ова, тие ја префрлаат својата инфериорност на другите, заземајќи притоа супериорна позиција, перфекционизам, или критицизам.

Ова им дава моментално чувство на моќ, но долгорочно, тие се чувствуваат фрустрирано, кое пак повторно се обидуваат да го надминат со засилување на наведениот модел на однесување..

2. Негативисти.

Наводно добронамерно ги обесхрабруваат другите. Најчесто покажуваат завист, лутина, презир. Само тие се во ред- другите не се. Со својот негативизам и пасивизам создаваат конфликти. Се откажуваат од барање, решенија за настаниот проблем и воглавно се насочени на потенцијалните потешкотии, а не на целта.

Уверени се дека ниедна задача, која не е под нивна контрола нема да биде добро извршена. За своето однесување имаат добра рационализација- ако ништо не се презема, работите се познати и може да се контролираат.Тоа се личности кои не научиле да се носат со губитоци и разочарувања.

Од тие причини, не се подготвени за нормални животни ризици. Но, им завидуваат на оние кои тоа се. За да не чувствуваат завист кон другите, нивната несвесна тактика е да ги поколебуваат во нивните обиди.

Терапија

И за двата типа личности, важи тоа дека треба да се однесувате поинаку од нивните очекувања и да не дозволите да бидете вовлечени во нивните замки и со тоа да влезете во конфликт со нив. Критичарите манипулираат со генерализациии од типот на:„секогаш, никогаш, треба, мора…“.

За да не се фатите на нив, држите се до конкретната ситуација и побивајте ги со конкретни примери. Заземете се за себе и држете се до решавање на проблемот, сега и овде.. Дајте конструктивни решенија за конкретниот проблем. Прекинете го разговорот ако станат преостри, или се зафаќаат за историјата на проблемот.

Што се однесува до негативистите, не дозволувајте да ве поколебаат во она што ви е е цел и внимавајте тоа да не им го правите нив за инает. Задржете го вашиот реален оптимизам. Не им докажувајте кој е во право, затоа што тоа е замка- тие укажуваат на факти и покажуваат одлучност.

Ако се препознавте како тешки луѓе, или со нив имате работа, а не можете да излезете на крај, побарајте стручна психолошка помош.