zglobНајчеста загриженост помеѓу преставниците на посилниот пол е здравјето и добрата состојба на грбот или колената. На изместувањето на ножниот зглоб се гледа како на некоја безопасна повреда. Меѓутоа, се поголемиот број на истражувачи, хирурзи и тренери сметаат дека овој проблем треба да се сфати малку посериозно . Изместениот зглоб преставува највобичаената спортска повреда, а многумина не се свесни за нејзините последици.

Несоодветниот третман може да доведе до долгогодишна рецидивна болка и низа повторни повреди. Околу 30 отсто од вкупниот број на случаи на изместен зглоб се соочуваат со хронична нестабилност на зглобот. Во една студија, 34 отсто од лицата, кои страдале од изместен зглоб се соочиле со повторна повреда од ист карактер и тоа во следните три години.

– Доколку престанете да го лекувате изместениот зглоб штом ќе се повлечат симптомите, може да се соочите со долготрајни последици – велат истражувачите.

Процесот на рехабилитација, доколку се практикува како што треба, помага во враќање на зглобот во состојбата, во која се наоѓал пред повредата.

loading...
Сподели