problemi so ciklus

Обилните менструации се релативно чести, особено кај младите кои уште немаат правилни овулациони циклуси, како и кај жените кои се приближуваат кон менопауза. Меѓутоа кај многу жени и во различни периоди од животот можат да настанат обилни крварења. Кај некои  скоро сите циклуси се обилни. Во медицинскиот жаргон обилното крварење се нарекува менорхагија. Овој збор има грчко потекло – men што значи месец и rhegnynai што значи разгорено. Пореметувањето е познато и под називот hypermenorrhoea.

Причини за настанување на обилни менструации
Обилните менструации најчесто се показатели на хормонски пореметувања. Меѓутоа, тие можат да настанат и од многу други пореметувања на организмот, како миом на матката, инфекција во малата карлица и спиралите кои се користат како контрацептивно средство. Жената која има вакво крварење итно треба да се јави на лекар за да се утврди која е причината за ваквите проблеми.  Аларм за да се направат сите испитувања е и анемијата.

Симптоми и знаци
– Менструацијата трае подолго од 7 дена.
– Губењето на крв за време на циклусот е многу големо.
Во вакви ситуации секоја жена треба да се јави под итно на гинеколог. Со самиот преглед, тој ќе утврди дали таа има абнормални појави на матката и ќе ги направи сите анализи како папаниколау тест, биопсија на грлото на матката или киретажа (лупење на слузницата на матката). Притоа се прави преглед на крвта за да се провери дали пациентката е анемична или има некоја друга болест која го предизвикува обилното крварење.

Лекување со медикаменти
Лекувањето на овие жени започнува со медикаменти. Ако особата е млада и нема патолошки промени на матката, лекарот и препишува естроген и прогестерон, а потоа друг препарат поради намалување на крварењето. Ако таа од некоја друга причина не сака или не смее да ги прима овие препарати, тогаш постојат други медикаменти за регулирање на циклусот.
Хирушка интервенција Ако кај повозрасна жена или кај млада пациентка крварењето трае долго време, тогаш им се прави киретажа (лупење на слузницата на матката) заради пронаоѓање на причината на крварењето.Со самиот процес на киретажа и да не се пронајде причината за крварење, тоа престанува.

Хормонска спирала како спас
Хормонската спирала се користи и како контрацептивно средство и како терапија за обилно менструлно крварење. Оваа единствена спирала се разликува по тоа што го содржи хормонот прогестерон. Може да се носи пет години, а се препорачува и на жени кои имаат обилни менструални циклуси поради миом или циста. Специфична е по тоа што можат да ја носат и доилки, откако ќе поминат 40 дена од породувањето.
Обилните изливи на крв од матката често се јавуваат заради миом на матката, инфекција во малата карлица, ендометриоза, аденомиоза, полипи на матката или грлото на матката или циста на јајник.

loading...
Сподели