bebeКако и сите, така и бебињата си имаат свои проблеми. На одредена возраст на нив им растат запчиња и тоа многу ги вознемирува . Во тој период тие плачат, нервозни се и тоа за нив е доста болно и непријатно.

Како да му олесните на вашето бебе кога се наоѓа во периодот кога му растат запчињата?

1.Галете го  – во прегратката на мајката и таткото бебето се чувствува најсигурно. Галете го и зборувајте му, така што на тој начин ќе му го привлечете вниманието.

2. Гумичка за бебешки заби -ставете ја гумичката малку во фрижидер да се излади, на тој начин кога ќе ја глода изладената гумичка ќе му се смират болките.

3. Масирајте му ги непцата -убаво измијте ги рацете и нежно масирајте му ја вилицата на бебето.

Сподели