Бебињата во првите неколку месеци постојано имаат грчеви кои им создаваат проблеми, нервози и плачење. Некои  експерти сметаат дека бебето треба да биде поставено во исправена положба во текот на оброците, бидејќи на тој начин го спречува акумулирањето гасови што се наведуваат како основна причина за појава на гасови. Во оние земји во кои мајките ги носат бебињата во марами и ги хранат во исправена положба, многу е поретка појавата на стомачни грчеви.

grcevi

Доколку доите, постои можност преку млекото да му ги пренесете гасовите на детето и тоа поради консумирање на одредени производи. Поради тоа, најдобро е да се воздржите од консумирањето производи за кои знаете дека предизвикуваат гасови ( лук, грав, млечни производи и силно зачинети јадења). Доколку, пак го храните бебето со шише, хранете го од помало, од 125 мл., наместо од големо, 250 мл.

На тој начин ќе го спречите бебето да се наголта воздух додека пие млеко. Исто така, во аптека побарајте специјална „бавна“ цуцла, односно цуцла со помал отвор, со што се забавува протокот на млеко и се намалува количината воздушни меурчиња што ги голта бебето.

Сподели